Нашата приказна
Приказната за Данаи Фарм започнува во 2002 година како претставништво на Bonesgroup во Македонија, за денес по полни две децении компанијата да прерасне во релевантен фактор во козметичката индустрија со потполно свој идентитет. Од самиот почеток на создавање на сопствени производи во 2004 година, нашата стратегија е насочена кон освојување на домашниот пазар и позиционирање на нашата компанија кај нашите потрошувачи како синоним за квалитет и прецизност.